ЕкономијаСветСветот на работникот

Авиокомпаниите од Заливот им ги намалуваат платите на вработените до септември дури за 50 отсто

Авиокомпаниите од Заливот - Работник
112views

Авиокомапниите од Заливот, Емерејтс и Етихад ервејз го продолжуваат намалувањето на платите на својот персонал до септември, дознава Ројтерс.

Имено, компаниите се обидуваат да заштедат пари додека трае прекинот на работењето поради влијанието на пандемијата на коронавирусот.

Авио – индустријата е помеѓу најлошо погодените сектори поради епидемијата, бидејќи патувањата им се „замрзнати“, па најголемите компании се принудени да отпуштаат работници и да бараат државна помош.

Државните компании Етихад и Емирејтс работеле ограничено уште од март, кога поголемиот дел на авионите на превозниците превезувале патници само внатре во државата.

Емирејтс денеска им соопштил на вработените дека тримесечното намалување на платите ќе го продложи до крајот на септември, стои во е-маилот кој Ројтерс го имал на увид. Во некои случаи, платите ќе бидат додатно намалени, дури и до 50 отсто од основната плата, се вели во е-маилот. Компанијата претходно им ги намалила платите на работниците помеѓу 25 и 50 отсто на три месеци, почнувајќи од април.

Етихад ервејз го продолжил намалувањето на платите, помеѓу 25 и 50 отсто до септември, рекол портпаролот на компанијата, бидејќи во предвид ги зема сите опции за зачувување на работните места и заштеди. Намалувањето е воведено во април.