- Advertisement -
ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

Авиокомпании се подготвуваат да ги вратат вработените од принуден одмор

Авиокомпании се подготвуваат - Работник
121views

Американ ерлајнс и Јунајтед ерлајнс соопштија дека се подготвуваат да повикаат десетици илјади луѓе кои се на принуден одмор, додека чекаат одобрување од законодавците за поддршка од 15 милијарди долари во рамки на поширокиот пакет помош.

Борејќи се со силниот пад на побарувачката за патувања поради пандемијата, Американ и Јунајтед испратија над 32.000 работници на принуден одмор во октомври, по изминувањето на шестмесечниот период за кој добија 25 милијарди долари за покривање на полугодишната заработка на авиокомпаниите.