ЕкономијаСветСветот на работникот

Авиокомпанијата „Емирати“ побара од вработените да земат отсуство поради ширењето на Корона вирусот

Авиокомпанијата - Работник
204views

Меѓународната авиокомпанија „Емирати“ побара од персоналот да земе неплатен одмор до еден месец поради рапидното ширење на Корона вирусот кое доведе до окажување на летовите ширум светот.

Емирати откажа летови кон Иран, Бахарин и најголемиот дел од Кина поради вирусот, а државите ширум светот вовеле силни рестрикции за влегувањето на странци.

Авиокомпанијата има повеќе ресурси од што и се потребни, како резултат на укинувањето на фрекфенциите или откажувањето на летовите до некои од дестинциите, рекол главниот оперативен директор Адел Ал – Редха во денешната изјава.

„Земајќи ја во предвид достапноста на дополнителните ресурси и фактот дека многу од вработените сакаат да го употребат нивното отсуство, им овозможивме на нашите вработени да земат еден месец платено или неплатено отсуство“, рече тој.

Групацијата Емирати која е под државна сопственост под која спаѓа и авиокомпанијата, побара од своите вработени да земат платено или неплатено отсуство, додека авиокомпанијата се справи со „мерливото забавување“ на бизнисот, извести Ројтерс во неделата, повикувајќи се на интерен мејл од компанијата.

Групацијата имала повеќе од 100,000 вработени, вклучувајќи повеќе од 21,000 кабински персонал и 4,000 пилоти, на крајот од март 2019 година, крајот на последната финансиска година.