Светот на работникот

Авиокомпанијата „Катај Пацифик“ ќе ги отпушти сите работници кои ги поддржуваат „илегалните протести“ во Хонгконг

Авиокомпанијата „Катај Пацифик“ - Работник
315views

Катај Пацифик вчера ги предупреди вработените дека тие кои ги „поддржуваат или учествуваат во илегалните протести“ во Хонгконг ќе бидат отпуштени од работа.

Најголемата авиокомпанија во градот својата „нулта толеранција“ ја искажа во допис пратен неколку денови по преземените мерки на кинеските власти за превенирање на работниците на Катај да се приклучат на протестот. Од Катај истакнале дека ќе го почитуваат тоа правило.

„Важно е да се запомни дека акциите и зборовите на нашите вработени искажани надвор од работното време може да имаат значаен ефект врз компанијата“, им рече Извршениот Директор, Руперт Хог на вработените. Авиокомпанијата сподели копија од дописот со CNN.

„Ние имаме голем углед во општеството поради природата на нашиот бизнис и недозволените акции од страна на нашите вработени привлекуваат внимание и може да се проценат погрешно“, додаде Хог.

Сите летови од Хонгконг вчера беа откажани поради масовните протести на неговите меѓународни аеродроми, се наведува во изјавата постирана на веб страната на Катај.