ЕкономијаСветСветот на работникот

Авиокомпанијата „Луфтханза“ ќе ги одложи новите вработувања поради ширењето на коронавирусот

Авиокомпанијата - Работник
143views

Авиокомпанијата Луфтханза размислува за суспендирање на вработувањето на нови работници, како и воведување на други мерки за штедење поради ширењето на Коронавирусот.

Германската компанија ги прекинала сите летови кон континенталниот дел на Кина до крајот на март.

„Ова ќе има значајни економски последици за нас и за другите индустрии“, изјавил членот на управата на Луфтханза, Хари Хомајстер.

Покрај суспендирањето или одложувањето на вработувањето на нови работници, Луфтханза сака да заштеди и на трошоците на персоналот со продолжување на неплатеното отсуство, рекол Хомајстер за германскиот весник Хандесблат.

Тој додал дека компанијата би може да откаже и некои поединични проекти.