ЕкономијаСветСветот на работникот

Авио гигантот ќе отпушти дури 30,000 работници?

Авио гигантот - Работник
123views

Еден од гигантите во светскиот авио – сообраќај Емирејтс размислува да отпушти дури 30,000 работници.

Најголемиот светски превозник за долги летови би можел да го намали вкупниот број на вработени кој во март изнесувал 105,000, за дури 30 отсто, бидејќи ги намалува трошоците и повторно ја усогласува својата работа за да може да се носи со падот на патувањата кој ќе трае со години, оцениле луѓето запознаени со тој проблем, наведува Блумберг.

Групацијата во државна сопственост собрала 1,2 милијарди долари од новото финансирање во првото тромесечје и сега е присилена да бара финансиска помош од Дубаи, пренесува Сибиз.

Емирејтс размислува за забрзување на повлекувањето од својата флота на масивни двокатни авиони А380 кои можат да соберат повеќе од 500 патници.

Како што се наведува, Емирејтс, најголемиот оператор на суперџамбо авиони ербас СЕ, соопштил дека размислува за нивоата на „трошоци и ресурси“ во однос на проекциите, додека се подготвува за продолжување на летовите по двомесечна пауза.

Меѓународното здружение на авио превозници (ИАТА) минатата недела соопштило дека авио сообраќајот нема да се врати на ниво пред епидемијата до 2023 година, како и дека следната година сообраќајот ќе биде намален за 24 отсто во однос на перидот пред пандемијата.

Advertisement