Наука

Австралиските научници: Чудновидниот клунар е во опасност од изумирање

Австралиските научници - Работник
698views

Чудновидниот клунар е австалиски познат животниски вид, а тоа прастаро суштеството кое по земјата се движело уште во времето на диносаурусите сега е на работ на изумирање. Така барем велат најновите научни студии.

Сушата, заканите од предаторските видови, ширењето на сточарството и делувањето на човекот, како градењето на брани и наводнувања, во Австалија земаат голем данок, а го плаќа видот на животни по кои Австалија е позната низ целата планета. Се работи за чуновиден клунар.

Новите научни студии спроведени од страна на Универзитетот во Нов Јужен Велс покажале дека бројот на пронајдени загинати примероци од овој вид е во пораст. Чудновидните клунари во голем број се наоѓаат умрени во коритата на исушените потоци ширум Нов Јужен Велс во Австралија, а научниците повикуваат на итна процена на ризкот од нивното изумирање.

Постои итна потреба за национална процена за ризикот за одржување на чудновидниот клунар, нагласува Гилад Бино, водечкиот автор на студијата.

Чудновидниот клунар во Австралија моментално не се третира како загрозен вид.

Австралиската организација за одржување на видиовите Ози Арк бележи значаен пад на популацијата на чудновидни клунари во Нов Јужен Велс.

Во нашиот регион сите изумреа, исчезнаа. Не можам да пронајдам ниту еден, вели Тим Фаулкнер, претседател на Ози Арка и додава дека овие животни сигурно не се во период на хибернација.