СветСветот на работникотСиндикат

Австралија: Универзитет тужи професор кој ги одбранил достоинството и интегритетот на студентите

Австралија: Универзитет тужи - Работник
192views

Меѓународна солидарност е мобилизирана после тужбите покренати од страна на Универзитетот Мардок во Австралија против вонредниот Професор Герд Шродер Турк поради „укажување“ (информирање).

Во мај 2019 година, вонредниот професор Турк, член на Националниот Терцијарен образовен синдикат (НТЕУ), вработен од страна на Универзитетот во Мардок док, се појавил на најголемата новинарско – истражувачка програма во Австралија „4 корнери“, заедно со двајца членови од Мардок и други професори од други универзитети. Истражувачката програма истражувала потенцијална експлоатација на меѓународните студенти во Австралија.

Турк изразил загриженост за здравјето и благосостојбата на студентите, како и за академскиот интегритет на студиските програми и објаснил дека тој повеќе пати се обидел да ги покрене прашањата интерно, но неговите иницијативи не успеале.

Откако програмата била пуштена во јавноста, Универзитетот го отстранил од неговата улога избран претставник на академскиот персонал во раководното тело на универзитетот, Сенатот. Со тоа бил и отстранет најголемиот поборник во највисокото тело во Универзитетот.

Турк се обидел да го превенира неговото отстранување, како и да ги запре сите акции кои биле резултат на неговото укажување. Поради тоа, Универзитетот поднел тужба против него, обвинувајќи го за нанесување на милионска штета врз Универзитетот.

„Ова е срамотен напад врз академската слобода и напад на заштитни информации што неизбежно ќе доведе до зголемена неподготвеност од страна на универзитетските работници да излезат и да покренат прашања од јавна важност“, предупреди Националниот претседател на НТЕУ, Алисон Барнс. Таа додаде дека „најважно е дека ние веруваме дека академиците имаат одговорност да зборуваат за прашања од благосостојба на студентите и дека доколку се замолчат, експлоатацијата на ранливите студенти може да се зголеми“.

НТЕУ забележува дека, според Препораката на УНЕСКО 1997 година, во врска со статусот на наставниот кадар во високото образование, учеството во универзитетските управни тела и критиката за функционирањето на високообразовните институции не е само право, туку и професионална одговорност на универзитетскиот персонал и студентите.

Посредувањето за судската постапка ќе се случи на 31 октомври 2019 година.

Меѓународна поддршка

Дејвид Едвардс, генерален секретар на Меѓународната Федерација на синдикатите од образование, изјави: „Ние сме со Герд. Академската слобода и слободата на говорот се клучни за особено квалитетно образование и воопшто за демократските општества. Насочувањето на укажувачите не е чесно решение, тоа е обид на универзитетот да избегне одговорност за сопствените деловни активности и етички сомнителни избори. Ние ја осудуваме правната постапка на Универзитетот Мардок против Герд Шредер-Турк и бараме веднаш да се отфрли“.