- Advertisement -
НовостиПравдаСветСветот на работникот

Австрија воведува задолжителна вакцинација: Познато кој ќе мора да прими вакцина и под кои услови

Вакцинација - Работник
685views

Од 1 септември, австриската покраина Долна Австрија воведува обврска за вакцинација за прием на нови вработени во провинциските институции.

– Обврската за вакцинација ќе важи за сите области, а не само за здравствените работници или наставниците. Секој што е примен во провинциската служба ќе мора да се вакцинира или да преземе обврска да ја одржува заштитата на имунолошкиот систем – објасни гувернерката на Долна Австрија, Јохана Микл -Лајтнер.

Само лицата кои не можат да се вакцинираат поради здравствени причини се изземени од таа обврска.

Како објаснување за оваа мерка, Микл-Лајтнер изјави дека покраината сака да ги заштити своите вработени, дека сака тие да можат да ја извршуваат својата должност и, трето, да го заштитат остатокот од населението.

Во средината на јули, Долна Австрија донесе одлука за задолжителна вакцинација за сите нови здравствени работници.

И некои други провинции презеле слични чекори.

Така, Виена задолжително ги вакцинира сите нови вработени во областа на здравствената и социјалната заштита, а од есен оваа обврска ќе се прошири и на новите вработени во градинките.