ЕкономијаСветСветот на работникот

Австрија: Новата помош на компаниите проценета на 1,5 до две милијарди долари

Австрија: Новата помош на компаниите - Работник
44views

Австрискиот министер за финансии Гернот Блуемел денеска соопшти дека се очекува Австрија да издвои околу две милијарди евра за да ги обештети компаниите за загубениот промет во ноември, кога поради пандемијата земјата ќе биде затворена.

-Трошоците (мерките) ќе бидат некаде меѓу 1,5 и две милијарди евра, рече Блумел.

Компаниите ќе може да очекуваат како помош 80 отсто од прометот што го оствариле минатата година.

За да се обиде да го запре невиденото досега ширење на коронавирусот официјална Виена нареди сите ресторани, барови и кафулиња, освен оние со услуги за испорака, да се затворат до крајот на овој месец.

Британските медиуми наведуваат дека се затворени и театрите, музеите и спортските сали.