СветСветот на работникот

Автомобилската индустрија распукува: Работниците пред отказ

Расположението во германската автомобилска индустрија дополнително се влошило – сѐ повеќе компании размислуваат да отпуштаат вработени, стои во заклучокот на извештајот за декември на Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен.

Индикаторот кој го мери деловното расположение во автоиндустријата во Германија паднал од ноемвриските минус 32,4 поени на минус 34,7 поени во декември, пред сѐ поради влошените очекувањата од иднината.

Вредноста на индикаторот со кој се оценува моменталната деловна ситуација благо пораснала од минус 33,8 поени на минус 32,3 поени, но вредноста на индексот со кој се мерат деловните очекувања на компаниите за претстојниот полугодишен период паднала од минус 30,9 поени на минус 37,1 поен.

Резултатите укажуваат на тоа дека германската автоиндустрија паднала во уште подлабока криза, рекла Анита Велфи, експерт на ИФО за оваа индустрија.

Многу компании во автомобилската индустрија ги оцениле своите заостанати нарачки како недоволни за во потполност да ги искористат своите производни капацитети.

Компаниите не сметаат ниту на позитивниот стимул од работењето во странство, бидејќи вредноста на индексот кој ги мери очекувањата од извозот паднала од минус 19,1 поен во ноември на минус 20,3 поени во декември.

Кризата во германската автомобилска индустрија се одразува и на побарувачката за работна сила, па сѐ повеќе фирми размислуваат за отпуштање на вработени, додала Велфи.

Извор: b92.net

Фото: EPA-EFE/ALEX PLAVEVSKI