- Advertisement -
ЕкономијаНовостиСвет

Автомобилскиот гигант најавил: Работа од дома за 30,000 вработени ЗАСЕКОГАШ!

Авто гигантот најавил - Работник
288views

Компанијта Форд најавила дека ќе им овозможи на 30,000 вработени ширум светот да работат од дома засекогаш. 

Во јули вработените во Форд ќе можат да се вратат во канцелариите поради работните задачи кои бараат присуство на состаницте или поради заедничките проекти. 

Исто така, можат да изберат да работат од дома доколку е во прашање било која друга задача. Флексибилното работно време на вработените кои работат од дома ќе мора да биде одобрено од менаџерите на Форд. 

Форд исто така формирал конзорзиум кој би требало да ги утврди можните сценарија за работа од дома. Во јуни 2020 година, анкетата на Форд покажала дека 95 % од нивните вработени би сакале комбинација на работно опкружување и работа од дома. 

Зошто потегот на Форд е значаен?

Откако Фејсбук и другите компании најавиле дека размислуваат да овоможат работа од далечина, автомобилскиот сектор сепак се уште немал ниедна компанија, освен Форд која формално објавила дека работата до далечина станува трајна, барем за дел од нејзината работна сила. 

Тојота и Џенерал Моторс највиле дека ги враќаат вработените кои работат од далечина, на работните места во јуни или јули. 

Некои работодавачи, како Таргет ги намалуваат работните простории. Оваа компанија ја затвора канцеларијата во центарот на Минеаполис и поради тоа сега вработените работат на далечина. 

Форд планира продажба на зградите и консолидација на работните простории по одлуката 30,000 вработени да работат од далечина. 

Општиот тренд е дека работата на далечина ќе стане трајна, дури и по пандемијата, покажуваат анализите на веб страната за вработување Индид. 

Огласите за работа од далечина се дуплирале од почетокот на пандемијата од Ковид – 19 и тој тренд продоложува.

Тоа е необично, бидејќи бројот на вакцинирани се зголемува, додека извршувањето на работните задачи од далечина и понатаму расте.