- Advertisement -
ЕкономијаСветСветот на работникот

Авто – гиганот позајмил 400 работници од ривалот

Авто - гиганот - Работник
115views

Порше позајмил 400 работници од Ауди на најмалку две години за да ја задоволи зголемената побарувачка за својот прв, потполно електричен автомобил Тајкан. 

Претставникот на Ауди за Бизнис Инсајдер потврдил дека 400 работници преминале во Порше, истакнувајќи дека групата на работници од погоните за производство на каросерии и лакирање се придружила на Порше уште од 1 јуни оваа година, пишува порталот Кликс. 

Advertisement

Набрзо откако Порше започнал да прима нарачки за Тајкан во 2018 година, побарувачката била значајно поголема од очекуваната и го натерала да ги дуплира своите производствени цели на Тајкан од 20,000 на 40,00 примероци. Оваа година Порше започнал со испорака на Тајакан и во САД, и засега бележи се поголема побарувачка за овие скапи спортски електрични автомобили. 

Големата побарувачка е добар знак за растечкиот сегмент на луксузни електрични автомобили, како и воедно претставува предизвик и за Тесла, како компанија која е пионер во сегментот на престижни електрични автомобили. 

Advertisement
Advertisement

Покрај Порше има уште неколку нови играчи во овој сегмент, како што се Мерцедес и Ауди кои имаат значајно поголемо искуство и углед во автомобилската индустрија. Овие произведувачи можат дефинитивно да влијаат на успесите и растечката продажба на автомобилите Тесла. 

Advertisement