МакедонијаСиндикат

Адеми: Денеска нема да се одлучува за барањата на СОНК, туку во наредните денови

Адеми: Денеска нема да се одлучува - Работник
75views

Министерот за образование и наука за ТВ Алфа рекол дека за штрајкот на просветните работници нема да се разговара денеска, туку во текот на наредните денови.

„Денеска имаме редовна седница на Владата и не се очекува денеска да одлучиме за ова прашање би требало во наредните денови да одлучиме што понатаму“, изјави Арбер Адеми министер за образование за ТВ Алфа.

Адеми навел дека засега нема нова најава за средба со претставниците на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура, но може да се организира по потреба. Тој ја увери јавноста дека тие се насочени кон подобрување на социјалниот и материјалниот статус на вработените во дејноста образование.

Извор: Алфа