Адеми: Министерството е на став за учебна година во училиште
Време за читање помалку од минута
Министерот за образование стои на ставот дека најдобра настава е во училишните клупи.
Арбр Адеми вели дека во оние училишта каде има услови треба учениците да одат во училиште. Засега се уште продолжуваат консултациите за каков старт на учебната година ќе имаат децата.
Тој не ја исклучува можноста Владата утре да има седница за носење одлука за старт на учебната година пренесува Канал5.
Во вчерашната емисија “Што не е јасно “, на Алфа телевизија, Претседателот на СОНК, Јаким Неделков рече дека на училиштата треба да им се остави да одлучат дали ќе имаат онлајн, класична или комбинирана настава.
Latest posts by Портал Работник (see all)
- ЗАВРШИ НОВОГОДИШНАТА КОШНИЦА: Од денеска ќе се знае дали ќе се вратат на старо цените што еден месец беа намалени - 12/02/2025
- Грчките институции ги заштитуваат работниците на Санторини, ќе добијат отштета од 534 евра - 12/02/2025
- НАЈБОГАТАТА ЖЕНА ВО ЕВРОПА ЈА НАПУШТА СВОЈАТА КОМПАНИЈА – ИМПЕРИЈАТА ЈА СОЗДАДЕ ДЕДО Ѝ: Нејзиното богатство се проценува на 89 милијарди долари - 12/02/2025