- Advertisement -
МакедонијаСиндикат

Адеми: Преговорите со СОНК продолжуваат наредната недела

Адеми: Преговорите со СОНК продолжуваат наредната недела - Работник
736views

Министерот за образование и наука Арбер Адеми денеска соопшти дека се во редовна комуникација со Синдикатот за образование, наука и култура – СОНК и оти следната недела ќе продолжат преговорите за подобрување на материјалниот статус на сите вработени во образованието.

„Пак ќе повторам, ние сме во редовна комуникација со еден од нашите најголеми партнери, Синдикатот за образование, наука и култура – СОНК. Тие преговори ќе продолжат. Во вторникот помина ребалансот на буџетот на Влада и од следната недела пак ќе продлжиме со преговорите за изнаоѓање решение за подобрување на материјалниот статус на сите вработени во основните и средните училишта или во дејноста образование“, изјави министерот Адеми по посетата на СУГС „Цветан Димов“ во Општина Чаир, кое има нова фасада.

Извор: mtm.mk