ЕкономијаСветСветот на работникот

„Адидас“ со ветување дека 30 % од новите вработени ќе бидат Афроамериканци и Латиноамериканци

„Адидас“ со ветување дека 30 % - Работник
110views

„Адидас“ покрена иницијатива која е насочена кон зголемување на обоените луѓе во нејзината северноамериканска работна сила.

Компанијата планира да вработи минимум 30 % Латиноамериканци и Афроамериканци, соопштија од Адидас вчера навечер. Во соопштението е наведено дека ќе преземе уште неколку акции, како одговор на скорешните протести поради смртта на Џорџ Флојд и барањата за расна правда.

Десетици на компании, вклучувајќи го и Адидас покажаа солидарност кон движењето „Афроамериканските животи вредат“. Во исто време, компаниите добија барања да се справат со нееднаквото претставување и систематскиот расизам во нивните рангови.

Во изминатите неколку денови, стотици вработени во Адидас излегле од работа за да демонстрираат пред седиштето на компанијата во Северна Америка, во Портланд, Орегон, барајќи од Адидас да обезбеди подобра поддршка за Афроамериканските работници, се вели во статијата на Бизнис журнал на Портланд. Адидас, како и другите спортски компании, прават голем профит од договорите за спонзорство со Афроамерикански атлети и славни луѓе, како и преку употребување на Афроамериканската култура како инспирација за дизајните и маркетиншките стратегии.

„Настаните во изминативе две недели предизвикаа сите да направиме онолку колку што можеме за да се справиме со систематските сили кои го одржуваат расизмот“, рекол извршниот директор на Адидас, Каспер Рорстед во соопштение до јавноста.

Адидас планира и да објави додатен „таргет насочен кон зголемување на преставувањето на Афроамериканците и Латиноамериканците во склоп на нивната работна сила во Северна Америка“.Си -Ен -Ен пренесе дека од Адидас не одговориле на новинарското прашање за тоа колкав е моменталниот процент на Афроамериканци вработени во компанијата

Од Адидас посочија и дека ќе финансираат 50 стипендии годишно за Афроамериканците вработени во нивните „партнерски“ универзитети, но не дале детали околу овој план.