Македонија

Административците од Куманово чистеа на повеќе локации

Административците од Куманово - Работник
146views

Вработените во администрацијата од Куманово, денеска чистеа на повеќе локации во градот, околу комплексот спортски базени, спортската сала, кај средното „Перо Наков“, градскиот парк, во центарот на Куманово, околу зелениот пазар…

– Сите институции во општина Куманово, јавните претпријатија, вработените од државните институции, Судот, се вклучија во расчистување на повеќе локации. Се надевам дека акцијата која се реализираше денеска ќе премине во пракса која ќе ја практикуваат административците, изјави директорот на Јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“, Даниел Стојчевски.

Тој додава дека е соберена поголема количина на смет која екипите ќе ја соберат и депонираат.

Извор: Сител