ЕкономијаМакедонија

Аеродром: Во буџетот за 2020 ‒ повеќе пари за образованието

Аеродром: Во буџетот за 2020 - Работник
169views

Советот на Општина Аеродром на последната седница го изгласа буџетот за 2020 година во износ од околу 22 милиони евра.

Градоначалникот Златко Марин во образложението на новиот буџет посочи дека Општина Аеродром во 2020 година ќе се фокусира на подобрување на условите во образованието, спортот, грижата за младите и за ранливите категории. Во буџетот се предвидени средства за изградба на нова детска градинка, за проширување на капацитетите на ООУ „Лазо Ангеловски“ со 4 нови училници и за реконструкција на спортската сала во ООУ „Димитар Македонски“. Во сите училишта ќе се поставатфотоволтаици како еколошки извори на енергија и ќе се санираат објектите на училиштата и градинките, а во две училишта ќе се изградат лифтови за деца со посебни потреби. Исто така, ќе се набават смарт-табли и друга современа ИКТ-опрема за сите училишта, спортска облека за учениците од спортските клубови во сите училишта и нова опрема за спортските сали. Во 2020 година ќе се изградат и 20 нови детски игралишта.

Субвенциите за новороденчиња ќе се зголематод 5 000 на 8 000 денари, за секое прваче ќе доделуваат по 3 500 денари, за најдобрите спортисти по 10000, аќе се покријат трошоците за обезбедување на училиштата и за ученичките униформи. Уште една новина што ќе се воведе во 2020 година е доделување субвенции за топол оброк за сите ученици. Финансиски ќе се поддржат здруженијата на граѓани за проекти што ја поттикнуваат грижата за животната средина и за социјално згрижување деца, а ќе се ангажираат и асистенти за ученици со посебни образовни потреби и асистенти по физичко образование за ученици од трето до петто одделение.

Една од главните ставки предвидени во буџетот за наредната година е заштита на животната средина и повеќе мерки за намалување на аерозагадувањето, за што се обезбедени дополнителни 27,7 милиони денари. Притоа, ќе се продолжи и со доделување субвенции за велосипеди, инвертер-клими и за чистење оџаци, како и за обнова на блоковското зеленило. Исто така, во програмата за паркови и зеленило се предвидени средства од 70 милиони за изградба на три нови парка во Мичурин, Стар Аеродром и Острово.

Во делот на инфраструктурата вобуџетот се испланирани средства за санирањена сервисните улици во урбаниот дел, за довршување на комуналната инфраструктура околу новите згради и за изградба на нови пристапни улици, за поставување нови линии за осветлување, зареконструкција накрацитенаводоводнатамрежа во Долно Лисиче и на фекалнатаканализацијаво ГорноЛисиче, како и за нова атмосферска канализација.

Извор: Општина Аеродром