ЕкономијаМакедонија

Азески: Платата од 14,500 денари не понижувачка

Азески: Платата - Работник
208views

Претседателот на Стопанската Комора, Бранко Азески во интервју за ММС истакна дека платата во висина од 14,500 денари не само што е понижувачка, туку и самото отворање на тоа прашање е понижувачко.

Тој смета дека треба ова прашање да се препушти на приватниот сектор и пазарот на работната сила.

„Одиме кон пазарна економија и тоа треба да го правиме, а дали минималната плата ќе биде 14.200 или 14.800 денари сите сме свесни дека ништо не менува. Тоа го отвора прашањето на формирање многу посериозен социјално-економски совет од оној со кој располагаме денес, кој мора да биде во врвот на Владата со најрепрезентативните претставници на коморите и синдикатите. Не може да биде на ниво на министерството. Мора да има сопствен апарат и сопствени средства со кои ќе ја извршува функцијата. Тоа се елементи кои ќе овозможат вистински дијалог со приватниот сектор за да можат да се носат вистински решенија. На таков начин ќе се утврдат принципите, висината ќе ја утврдуваат работодавачите во договор со работниците и од тоа ќе зависи позицијата на фирмата, платниот биланс“, рече Азески.