ЕкономијаМакедонија

Азески: Проблеми со ликвидноста кон средината на мај, а со извозот во почетокот на јуни

Азески: Проблеми со ликвидноста - Работник
135views

Интензивните контакти што секојдневно се одвиваат на релација компании – Стопанска комора на Македонија, многу отворено зборуваат дека се наоѓаме пред портите на големите проблеми кои ни претстојат.

„Почнуваат големите проблеми за бизнисот”, вака е насловена денешната порака на претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески во која тој прави куса анализа и најавува нов пресек на состојбите врз основа на кој до Владата ќе биде изнесен ставот –  како приватниот сектор гледа на помошта што треба да ја добие од државата.

Азески во пораката објавена на сајтот на комората, пишува дека според информациите кои секојдневно стигнуваат од компаниите, прашањето за ликвидноста прво ќе затропа, веќе кон средината на наредниот месец, а речиси е сигурно дека почетокот на јуни ќе биде дочекан со проблеми во извозот зашто сега нарачките се сведени на минимум што значи дека третиот квартал од годината може да биде катастрофално лош.

Повеќе прочитајте на канал 5.мк