Ако во оваа држава останете без работа, нема за што да се грижите
Овој единствен систем овозможува да увидите во што сте најдобри и ви помага да најдете подобра работа од онаа која сте ја имале. Се работи за приватни социјални служби кои постојат ширум земјата, а кои ги плаќаат компаниите на кои им е потребен нов работник. Работникот кој останал без работа посетува тренер кој го обучува во согласност со неговите вештини и амбиции. Во Шведска моментално постојат 16 вакви организации и секоја од нив покрива различен сектор од економијата, пишува BBC.
„Советите за обезбедување на работа“ им помагаат на работниците да ги унапредат своите вештини, да ги отфрлат застарените знаења и да ги совладаат новите предизвици на одредената индустрија каде што сакаат да работат.
Поголемиот број на Швеѓани кои проаѓаат низ овие процеси на транзиција наоѓаат нова работа во рок од шест месеци, а според службените податоци, оние кои се помлади од 30 години на следното работно место имаат поголема плата.
Владата на Шведска не учествува во спогодбите помеѓу советите и работодавачите. Таа од нејзина страна им нуди помош на оние кои останале без работа во период од пет години, без оглед на тоа дали советите се бават со нив.
Јавниот сервис за вработување во Шведска функционира поинаку од приватните совети за обезбедување на работа. Во него се голем број на оние кои долго не се вработени и оние кои немаат никакво искуство и кои тежат кон својата прва работа – од кои поголемиот број се млади со средно образование или нови доселеници. Од друга страна, советите се концентрираат на унапредување на постоечките вештини и наоѓање на нови места за оние кои веќе биле на пазарот на трудот.
Во споредба со системите во друтите европски земји, шведскиот е многу ефикасен и го привлекол вниманието на целиот свет. Најсличен систем на овој има Германија, во која оние кои ќе останат без работа делумно се финансирани од работодавачот, а делумно од државата. Сепак, ова важи само за големите компании, па моменталните програми во Европа често се фокусираат на избегнување на отказ, што се постигнува со намалување на платите или бројот на работни часови.
Во поголемиот број на државите во светот не постои друга помош за оние кои останале без работа, освен помошта која ја дава државата.