- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникот

Ако кејот на ГТЦ стане прометна улица, угостителите ќе бидат принудени да отпуштат 50 % од вработените

385views

Наместо модернизација, кејот ќе се претвори во прометна улица. Угостителите кои долги години функционираат на ова место со реакцијана најавата на Град Скопје, дека кејот ќе се реконстуира за да се реши хаосот но за тоа ќе се рушеле летните тераси. Угостителите велат со ваквата одлука освен што ќе наруши безбедноста ќе бидат принудени да отпуштат и 50 проценти од вработените.

Бараат во време на пандемија да им се остават терасите, па потоа заеднички да се одлучува како ќе се модернизира овој дел од центарот. Велат ваквите објекти во кои со години вложувале се срцето на кејот по кој тој е препознатлив.

Advertisement

Немаат ништо против да се модернизира, но не по цена да остават луѓе на улица. За ваквиот план биле известени пред неколку дена. Се надеваат дека на ваквата одлука ќе реагира Општина Центар.

Градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ пак вели дека добил информација дека ќе се реконструира кејот, но следната недела ќе има средба со градоначалникот Шилегов на која детално ќе го разгледа планот по што ќе го изнесе и неговиот став. 

Advertisement

Градоначалникот Шилегов за Сител посочи дека плановите се остранувањето на средните терасите да почне од февруари и веќе во мај целосно да биде завршена реконструкцијата. Тврди дека целта е кејот „13 ноември“ да добие целосно нов лик со пешачка зона и да се реши хаосот кој е проблем за скопјани долги години. 

Извор: Сител 

Advertisement