- Advertisement -
ЕкономијаНовостиСвет

Ако некој се зарази со коронавирус во Грција, ќе му биде обезбедена соодветна нега, без никакви трошоци

Ако некој се зарази со коронавирус - Работник
191views

Очекуваме оваа година, секој што сака да ја посети Грција, или да дојде годишен одмор да може да го стори тоа без никакви проблеми, доколку се исполнат потребните здравствени услови. Исто така, очекуваме дека сите што ќе дојдат во Грција да се вратат здрави. Тоа е наша должност, рекол грчкиот министер за туризам, Харис Теохарис во интервју за „N1“.

Како што изјавил, доколку некој се случи да се зарази во Грција за време на неговиот одмор, ќе му се обезбеди целосна здравствена заштита, без никакви трошоци.

-Сите вакцини ќе бидат прифатени да се влезе во Грција, а на оние кои немаат потврда за вакцинација ќе им треба негативен PCR-тест или тест за антиген. Одредени тимови на граничните премини ќе работат на администрацијтаа, а други на медицинските тестови“, додал министерот, дополнувајќи дека отворањето на туристичката сезона во Грција ќе биде на 14 мај.

Ќе има отворени четири гранични премини – два во Бугарија и два во Македонија, а за време на отворањето на пилот програмата на 2-ри април, ќе функционираат само два премини и само PCR-тестот ќе биде прифатен“, вели Теохарис, откако денес Србија и Грција се договорија српските туристи да можат да влезат во Грција, со потврда за вакцина, или пак со негативен тест.

Министерот за економија Крешник Бектеши на прес-конференција изјави дека тие директно не преговараат со грчката влада, имајќи во предвид дека интерес на секоја држава е да поттикне што повеќе туристи кај себе, односно во Македонија, како што е целта на Министерството за економија.

-Сепак, ќе се разговара Грција да ги прифати македонските сертификати за вакцинација, истакнал Бектеши.