- Advertisement -
ЕкономијаСветСветот на работникот

Ако не добијат помош, ќе отпуштат 19,000 работници

Ако не добијат помош - Работник
115views

Авиокомпанијата Американ Ерлајнс која е погодена од падот на прометот поради пандемијата, најавила дека ќе отпушти 19,000 работници во октомври ако до тогаш не добие додатна помош од државата. 

Американските авиокомпании во март добиле државна помош во износ од 25 милијарди долари, а за возврат се обврзале да не укинуваат работни места до 30 септември. 

Advertisement

Оттогаш повеќе од 12,500 вработени одлучиле да го напуштат Американ Ерлајнс, а 11,000 предложиле да земат неплатено отсуство. 

Ова намалување на пресоналот сепак не е доволно за да се надомести падот на приходите, предупредиле претставниците на Американ Ерлајнс во писмото до вработените и регулаторното тело на американската берза (СЕЦ).

Advertisement
Advertisement

Advertisement