ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

АКО СТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА РАБОТА ВО СЛОВЕНИЈА: Државата ги олеснува процедурите

   Време за читање 1 минута

Странците полесно ќе можат да се вработат во Словенија. Државата предлага законски измени со кои се олеснува вработувањето странски работници. 

Словенечкото Министерство за труд предложи измени во Законот за вработување, самовработување и работа на странци, со кои ќе се усогласи со правото на Европската Унија и ќе се овозможи сезонската работа на странците да се прошири и на туризмот и угостителството. Со предложените измени, кои ќе бидат на јавна расправа до 6 февруари, се проширува терминот „сезонска работа“, кој досега беше ограничен само на земјоделството и шумарството, и во секторот туризам и угостителство, јави СТА.

Предлогот го намалува минималното потребно времетраење на договорот за странски работници за висококвалификувано вработување од една година на шест месеци.

Министерството за труд ќе им дозволи на странците кои престојуваат во Словенија од други причини освен од работа, да се вработат врз основа на дозвола за привремен престој и информативен лист издаден од Заводот за вработување. Во ситуација на рекордно ниска невработеност, работодавците имаат недостиг на работна сила.

Во меѓувреме, се олеснува и движењето на работната сила во земјите од Отворен Балкан.