- Advertisement -
НовостиСвет

Актерката Барбара Виндзор почина на 83-годишна возраст

140views

Актерката Барбара Виндзор, позната по своите улоги во филмовите „EastEnders“ и „Carry On“, почина на 83-годишна возраст.

Нејзиниот сопруг Скот Мичел изјави дека починала од Алцхајмеровата болест во Лондонскиот дом за нега и грижа на стари и болни лица, во четвртокот вечерта.

На актерката Барбара и беше дијагностицирана болеста во 2014 година, а претходно оваа година се пресели во Дом за нега и грижа на стари и болни лица.

По дијагностицирањето на болеста, Барбара стана амбасадорка во Алцхајмеровото друштво, се со цел да ја подигне свеста за оваа болест.

Нејзиниот сопруг Скот Мичел кој ја водеше кампањата заедно со неговата сопруга изјави дека секогаш ќе биде неизмерно горд на храброста, достоинството и дарежливоста на Барбара во справувањето со сопствената болест, и истиот ќе продолжи, колку што може повеќе, во помагање со подигнување на свеста за оваа болест.