Занимливости

Алексовски и Соколовска најбрзи во годинешната дедомразовска трка

Алексовски и Соколовска - Работник
172views

Вчера во Скопје традиционално се одржа дедомразовската трка, во која учество зедоа повеќе од триста луѓе кои во дедомразовски костуми трчаа низ центарот на главниот град.

Најбрзи од сите беа Миомир Алексовски и Ренета Соколовска, а на подиумот со победниците се качија и Елена Даниловска, Бојана Наумовска, Стојче Петровски и Филип Стојановски.

И покрај дождливото време, преку триста учесници од сите возрасти беа дел од традинионалната новогодишна трка. Победниците и најсреќните во лотаријата освоија награди.