- Advertisement -
ЗанимливостиМагазинНаукаНовости

Алиса на 20 години има импозантна биографија и НАСА ја испраќа на Марс

Алиса на 20 години - Работник
418views

Алиса Карсон, 20 годишна девојка од Соединетите Американски држави, се подготвува со НАСА за патувањето на Марс кое ќе се случи во следната деценија, односно после 2030 година.

Уште како девојче, Карсон ги сакала ѕвездите и астрономијата, па така, само на три години, како што пишуваат медиумите, и рекла на татко и дека сака да биде астронаут и една од луѓето кои ќе одат на Марс. Години подоцна, ова за Карсон станува реалност.

Advertisement

Таа е дел од заедницата на млади и амбициозни луѓе кои се подготвуваат да станат дел следната фаза на истражување на вселената на НАСА. Тие се обучуваат преку напредни вселенски програми, истовремено фокусирајќи се на градењето на имиџ на социјалните мрежи кои ќе им помогнат во ова патешествие.  

Карсон има богата историја на едукација во областа на вселената, па така на само 20 години, листата не нејзините достигнувања вклучува сведочење на лансирање на 3 вселенски летала, одење на вселенски камп 7 пати, вселенска академија 3 пати, академија за роботика 1 пат. Освен тоа, таа завршила и Напредна вселенска академија (Advanced Space Academy) на 16 години, што ја прави една од најмладите дипломци на оваа академија.

Advertisement
Advertisement

Во 2012 и 2013 година се обучувала во вселенскиот камп во Турција и Канада, па така станала првата личност која учествувала на сите три вселенски кампови на НАСА во светот. Таа исто така ги посетила и сите 14 центри на НАСА кои се наоѓаат во 9 земји ширум светот.

 

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by Alyssa Carson (@nasablueberry)

НАСА започнала истражување

Во 2013 година НАСА ја повикала да учествува на панел дискусија, за да во живо на НАСА ТВ разговара за идните мисии на Марс, нејзиното интересирање и формирање на човечки колонии на Марс во 2030 година.

Како што пишуваат медиумите, таа сега се фокусира на образованието кои ќе и помогне во оваа цел.

Инаку, познато е дека НАСА работи на тоа да испрати луѓе во 2030 година на Марс, а прелиминарните чекори кон патувањето, како испраќање на роботи кои ќе ја истражуваат црвената планета, започнале во август 2020 година.  

Кога ќе биде безбедно и би слетал на Марс, роботот ќе трага по знаци за живот на оваа планета. Информациите кои ќе ги собере ќе бидат отскочна штица за сите понатамошни мисии.

Извор: BIZlife

Foto: YT/Printscreen

 

 

Advertisement