- Advertisement -
ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

Амазон ги чести работниците – 100 долари за потврда за вакцинација

Амазон - Работник
445views

Американскиот технолошки гигант Амазон денеска најави дека ќе отвори 75.000 работни места низ својата мрежа на магацини и дистрибутивни центри во САД и Канада.

Компанијата, исто така, соопшти и дека ќе им понуди бонус од 100 долари на нововработените кои имаат потврда дека се вакцинирани против Ковид-19.

Advertisement

Амазон додаде дека ќе понуди просечна почетна плата од 17 долари на час на тие работни места, што е одраз на неодамнешното зголемување на платата во опсег од 50 центи до три долари на час за повеќе од половина милион вработени во САД кои работат во таа компанија, објави Си Ен Би Си.

Нудењето разни поволности за привлекување кандидати е сè пошироко распространет феномен меѓу американските фирми кои бараат работна сила на пазарот на трудот.

Advertisement
Advertisement

Некои компании тврдат дека имаат проблем да најдат работници, објаснувајќи дека тоа се должи на зголемените бенефиции кои ги уживаат невработените. Критичарите велат дека работодавачите треба да размислат за зголемување на платите со цел да привлечат работници.

Advertisement