МакедонијаСветот на работникотСиндикат

Амбсадорот Дабиќ: Целта ни е да ги унапредиме правата на вработените во МНР

Амбасадор Дабиќ
570views

Унапредување на статусот на вработените во Министерството за надворешни работи е една од клучните цели на новоформираниот Македонски Дипломатски синдикат при синдикатот на администрација и државна управа на Македонија – САДУ, рече Претседателот на Македонскиот Дипломатски синдикат и поранешен амбасадор во НАТО, Зоран Дабиќ кој е формиран пред три недели.

Тој рече дека само за неколку денови се вклучиле голем број на колеги, што претставува големо охрабрување за нив, како и поттик после оваа иницијална фаза да се охрабрат и да се заложат за унапредување на работните права, онака како што сметаат дека треба, бидејќи подолг период се запоставени.

„Потребата од нашето синдикално организирање произлезе од членството. Примивме бројни апели на вработените кои почувствуваа потреба за заштита на нивните работнички права, за заштита на кариерните прашања кој што сакаат да бидат регулирани на системски начин, а не на произволен и проактивно учество во носењето на клучните документи на Министерството како што се: одлуки, стратегии, закони, систематизација и слично“, рече Дабиќ.

Тој истакна дека поаѓајќи од постулатот за професионална  дипломатија втемелена на принципи, Македонскиот дипломатски синдикат ќе делува како конструктивен партнер на раководството, но во исто време ќе биде гласен адвокат и коректор на сите аномалии, појава на дискриминација и кршењето на работничките права.

Наведе дека синдикатот пред четири дена го испратиле своето прво барање до раководството во Министерството за надворешни работи.

Тој посочи четири клучни барања кои можете да ги погледнете во видеото во продолжение:

 

Претседателот на синдикатот на администрација и државна управа при Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, Благоја Ралповски истакна дека со оглед на околностите што се случуваат во државата и недобивањето на датум за преговори и еден од главните фактори и отворањето на поглавјето 19 каде што синдикатите и социјалниот дијалог, не можат да поминат.

„Оваа средба што беше иницирана од страна на Македонскиот Дипломатски синдикат и со формирањето на оваа синдикална организација покажуваме дека сакаме искусни луѓе, како дипломатите кои ќе ни помогнат како синдикаи да се избориме во оваа држава да завладее правдата“, рече Ралповски.

Бобан Илијевски