ЕкономијаСвет

Американската нафта од шкрилци е прва жртва на нафтената војна

Американската нафта - Работник
160views

Не постојат победници во војната на цените на нафтата. Преживувањето бара поголема политичка моќ отколку економска моќ, а потоа поголема економска моќ отколку индустриска моќ. Сега оваа моќ ја тестираат ОПЕК, Русија и американската индустрија за нафта, а прашањето е каков ќе биде исходот, нагласува Робин Милс, извршен директор на консултантската фирма „Камар енерџи“.
По пропаѓањето на договорот на ОПЕК+ со Русија, секоја држава што е производител на нафта го зголеми производството. Русија вели дека може да произведува дополнителни 500.000 барели дневно. Саудиска Арабија со своето „шокантно и неверојатно“ соопштение за да извојува кратка победа драстично ги намали цените за шест до осум долари за барел и вети дека ќе го зголеми производството во април до 12,3 милиони барели на ден, што е над нејзиниот номинален капацитет, а тој капацитет ќе го прошири до 13 милиони барели на ден веројатно за неколку години.

Националната нафтена компанија Абу Даби АДНОК, својата дневна квота на нафтено производство ќе ја зголеми од три милиони барели на четири, за да ги испроба своите капацитети. Ирак би можел да додаде уште 350.000 барели дневно производство ако неговите извозни капацитети можат да го издржат тоа. Нигерија може исто така да го зголеми своето производство за околу 100.000 барели нафта на дневно ниво, а Кувајт може да го стори тоа со уште 250.000 барели дневно, плус здруженото производство што го има со Саудиска Арабија. Другите регионални извозници на нафта, како разнишаната Либија, кревкиот Ирак, Оман и Алжир, ќе треба да се справат најдобро што можат, пишува Банкометар.

Целосниот текст прочитајте го тука