ЕкономијаСветСветот на работникот

Американскиот моден гигант ќе дели откази – Побарувачката е покосена…

Американскиот моден гигант ќе дели откази - Работник
45views

Американската компанија „Ралф Лоран“ одлучила да го намали бројот на работни места ширум светот до крајот на својата фискална година, во рамките на сеопфатниот план за реконструкција. 

Фокусот на компанијата ќе биде засилување на интернет продажбата, соопштено е во вторникот од модната куќа. 

Компанијата не одговорила на барањето на Ројтерс да прецизира колкав број на вработени ќе бидат погодени од овој план. 

Здравствената криза предизвикана од Ковид – 19 ја покосила побарувачката на луксузни ташни, облека и модни додатоци во продавнците, принудувајќи ги компаниите кои се бават со производство на луксузни производи да ги намлат трошоците и да ги прекинат плановите за ширење на мрежата на физички продажни места. 

Меѓутоа, нивниот промет по пат на е – трговијата пораснал. 

Од „Ралф Лорен“ навеле дека ќе инвестираат во дигитални платформи за да ја поддржат продажбата преку интернет, потоа во проширувањето на пресонализирани производи и во нови функции како компјутерка проширена реалност. 

Ќе преселат и некои од системите за човечки ресурси и планирање на мрежните платформи во клауд (облаци). 

Компанијата додала дека очекува дека отпуштањата ќе резултираат со бруто годишна заштеда пред оданочувањето од околу 180 до 200 милиони долари. Предвидува дека во фискалната 2021 година ќе имаат еднократни трошоци пред оданочувањето од околу 120 до 160 милиони долари. 

Акциите на компанијата утрово пораснале за 1,0 % на тргувањето пред официјалното отворање на Волстрит.