- Advertisement -
ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

Американските директори заработуваат 299 пати повеќе од вработените

Американските директори - Работник
452views

Јазот помеѓу платите на извршните директори во американските компании и просечната заработка на вработените се зголеми во 2020 година, и покрај пандемијата на коронаавирусот и напорите да се намали тој јаз.

Просечната плата на директорите на компаниите од корпата за индекси S&P 500 е 299 пати поголема од просечната плата на нивните работници минатата година, според годишниот извештај на AFL-CIO за платите на менаџерите на највисоките позиции, јави Си-Ен-Ен.

Надоместокот за извршните директори во 2020 година во просек изнесуваше 15,5 милиони долари, заедно со бонусите, што претставува пораст од повеќе од 260.000 долари годишно во текот на изминатата деценија.

Во исто време, просечниот работник во производството заработи 43.512 долари минатата година, што претставува раст од само 957 долари годишно во период од 10 години.

Вкупниот просечен надоместок на управителите на американските компании се зголеми за повеќе од 700.000 американски долари во 2020 година, во споредба со претходната година, додека јазот меѓу нивните и платите на работниците се зголеми од опсегот од 264:1 во 2019 година.

Извршен директор со најголем приход во 2020 година беше Чад Ричисон од „Paycom”, кој доби над 200 милиони долари плати и бонуси. На врвот на листата на најдобро платени директори се и извршните директори на General Electric, Hilton, T-Mobile, Nike, Microsoft и Netflix.