ЕкономијаСвет

Американците без осигурување нема да го платат лечењето од корона вирусот

Американците без осигурување - Работник
41views

Болничкото лечење на корона вирусот ширум САД може да чини помеѓу 42,486 и 74,310 долари.

Доколку не беше усвоен пакетот за помош од 2,000 милијарди долари за санирање на последиците од корона вирусот, од кој ќе бидат покриени и трошоците на болниците, секој поединец би требало да плати од својот џеб.

Според податоците на агенцијата ФАИР која се бави со договарање на најповолните цени на лечење, 73,310 долари би ги покрило трошоците за шестдневен престој во болница, пренесува Си – Ен – Би – Си.

Советниците за здравствено осигурување, како Ким Баки, потсетуваат дека е добро што тестирањето е бесплатно и што тие со благи симптоми можат да останат дома и да користат услуги за лечење од далечина.

Полесно заболените на помош имаат здравствен телефон или медицинска сестра 24/7 со кој работодавачот или здравственото осигурително друштво има договор, со што се штедат пари и време за одење до лекарската ординација.

А, и чини помалку отколку одење во ургентен центар, рекла Баки и додала дека дури и членовите на семејството можат да се јават доколку заболениот не може.

ФАИР утврдил дека просечниот додаток за услугите за лечење по пат на телефонски број околу 43 долари за оние кои се без осигурување. На осигурителните друштва оваа услуга им е наплатувана 34 долари за консултација во траење од пет од дест минути, а осигурениот пациент би морал да го плати останатото, велат од ФАИР.

Во САД нешто помалку од 30 милиони луѓе немаат осигурување. Пред неколку дена објавени се податоци дека за две недели 10 милиони луѓе останале без работа.

За да поединец во Америка има осигурување, на почетокот на годината треба да уплати неколку илјади долари за да осигорувањето ги покрива трошоците во наредните 12 месеци.

Без оглед на осигурувањето, секој плаќа мал дел од лечењето.

Во зависност од договорот со осигурителната куќа, како што проценува ФАИР, болничкото лечење од корона вирусот на осигураните пациенти би чинело и 21,936 и повеќе долари.