ЕкономијаСвет

Американците „крпат крај со крај“ – живеат од плата до плата

Американците - Работник
75views

Речиси еден на три американски работници остануваат без пари пред наредната плата, дури иако нивната заработка е преку 100,000 долари годишно.

Спротивно на популарното верување, „оваа не е само проблем со оние кои имаат најниски плати“, тврди Ден Меклин, генерален директор на американската компанија „Салери фајненс“ и ко – основач на компанијата „СоФи“ за порталот „CNBC Make it“.

За многумина, причина за овој проблем е растот на цените за живот – вклучувајќи ги и цените за храна, опрема за домаќинство, образование и медицинска помош. Во текот на минатата година, основните трошоци пораснале за 2,3 отсто, според истражувањето на Бирото за трудова статистика. Цените на медицинската нега пораснале за 4,6 проценти во текот на 2019 година и ова било најголемото зголемување уште од 2007 година, неведува Бирото. Цената за одржување на домаќинството скокнала за 3,2 отсто минатата година, трошоците за образование се зголемиле за 2,1 отсто, а цената на храната за 1,8 отсто.

За некои, проблемот е во стагнирачките плати. Тие во текот на минатата година не пораснале ефективно – се зголемиле за само 0,2 отсто, тврди „Пејскејл индекс“. Но, гледајќи на подолг период, „Пејскејл“ дошол до заклучок дека просечната плата е намалена за 9 отсто во 2006 година.

Без разлика на причината, борбата за да се платат сметките и да се стави храна на масата кога немате доволно пари води до голем стрес, покажуваат истражувањата на „Салари Фајненс“. Финансискиот стрес денеска доминира, со стапка од 42 отсто на работничкото население кое се бори со него. Ден Меклин смета дека овој процент е екстремно загрижувачки.

Ејми (36) е добро запознаена со немањето на пари и снаоѓањето да дојде до нив, особено во текот на сезоната на данокот, од јануари до април, кога даночните обврзници ги подготуваат извештаите за плаќањата на своите даноци за претходната година и се надеваат на зголемување на барем дел од парите. Ова се случува и покрај тоа што нејзиниот сопруг и таа заработуваат околу 50,000 долари годишно, малку помалку од просечната заработка во Америка.

„Сезоната на даноци е тешка за нас, бидејќи не добиваме поврат на парите, туку сметка за тоа колку треба да платиме“, вели Ејми за „CNBC Mejk it“. Нејзиниот маж кој е примарен заработувач во нивниот дом, работи за компанија во друга американска сојузна држава, така да некои државни даноци не им се рефундираат. Во главно, нивната приказна завршува со поголем долг кон државниот данок, додека федералниот им се рефундира.

„Никогаш немаме многу, но на пролет, лето и есен можеме да си дозволиме што сакаме од супер маркетите“, вели Ејми. Најтешко им е во текот на зимата, кога сметките за греење ќе поскапат, а тогаш се ближи и сезоната на данокот. Тогаш се враќаат на штедењето во супермаркетите.

За да ја заштити својата иднина од финансиски закани, Том Буч, генерален директор на малопродажбата во компанијата „ТД Америтрејд“, неодамна им препорачал на Американците да започнат со развивање на финансиски планови и да направат фондови за итни случаи кои би можеле да покријат од три до шест месеци од трошоците за живот. Со автоматското одвојување на дневните или неделните трансфери од банкарските сметки од само пет долари, фондот за итни случаи ќе се формира. Треба да се земе во предвид и опцијата за отворање на штедна сметка со голем придонес кој ќе донесе повеќе пари.

Меѓутоа, ова е полесно да се рече, отколку да се направи за оние кои редвно остануваат без пари, поради тоа што речиси половина од испитаните работници во истражувањето на „Салери фајненс“ велат дека воопшто и немаат пари за да одвојат за итни случаи.