Американците сѐ повеќе се селат во Португалија

Нејтан Хедлок се преселил во Португалија за да избега од насилството и лошата благосостојба во САД, но и да продолжи да ужива во сонцето и морето што ги обожавал во Калифорнија. „Лисабон ги исполни сите критериуми“, вели 40-годишниот американски претприемач. „Има дури и висечки мост кој изгледа како Голден Гејт во Сан Франциско“ додава Американецот.

„Мојот партнер и јас баравме место каде што би можеле да забавиме и да уживаме повеќе. Составивме листа на „топ 10“ места во светот и Лисабон брзо заврши на врвот“.

Парот, кој се преселил во португалската престолнина во 2020 година, таму ги привлече климата, добрата храна, поевтиниот живот и можноста за патување во други делови на Европа. Тие, исто така, сакаа да избегаат од помрачните страни на американското општество.

„Една од главните причини зошто луѓето сакаат да се преселат овде е безбедноста на нивните деца. Тие често велат: „Не сакам моето дете да биде застрелано на училиште“, раскажува Хедлок. „Вие во Европа не сте го доживеале тоа, но во Америка тоа е реалност“.

Џен Витман, која се преселила во Лисабон од Калифорнија со сопругот и синот за време на пандемијата, тврди дека САД „малку пукаат во шевовите“. „Инцидентот со Џорџ Флојд, пандемијата, политичките поделби, расизмот, сето ова стана пренагласено во Америка“.

Важна и е и европската социјална грижа. „Ситуацијата во здравството во Америка е ужасна. Особено ако сте пензионер со здравствени проблеми. Во Америка, болеста може да ве банкротира“, рече таа.

Во Португалија живеат околу 7.000 американски граѓани, што е малку во споредба со 42.000 Британци кои ја направија земјата свој дом. Но, во последните години доаѓањето на Британците се намалува, додека бројот на Американците е двојно зголемен.

Американците таму може да бидат привлечени од „златните визи“ на Португалија, дозволи за престој за странци кои сакаат да купат недвижен имот или да пренесат капитал во Португалија. Повеќето од нив, сепак, доаѓаат врз основа на виза Д7, за која е потребен редовен „пасивен приход“ од пензија, изнајмување или инвестиција.

Photo by Nick Karvounis on Unsplash