- Advertisement -
МагазинНаука

Амишите живеат подолго од другите луѓе

Амишите живеат подолго од другите луѓе - Работник
726views

Ретка генетска мутација откриена во заедницата на Амиши во САД ја објаснува нивната долговечност и, според научниците, го отвора патот за третман на дегенерација предизвикана од стареење.
„Тоа е првата човечка генетска мутација за која се покажа дека има бројни ефекти врз биолошките промени предизвикани од стареењето“, рече професорот Даглас Вон, претседател на Медицинскиот факултет на Универзитетот Нортвестерн во Чикаго.

Студијата, чии резултати беа објавени, беше спроведена на 177 Амиши на возраст од 18 до 85 години во нивната заедница во Берн, Индијана.

Advertisement

Докажано е дека 43 лица имаат мутација на генот „серпин еден“, што силно го намалува производството на ПАИ-1 протеин и се во подобро здравје и живеат најмалку 10 години подолго од другите луѓе.
Меѓународниот научен тим откри дека „метаболичкиот профил“ на Амишите е поздрав и дека тие се значително помалку подложни на дијабетес и кардиоваскуларни заболувања. Исто така, откриено е дека „телемерите“ на нивните антитела се најмалку 10% подолги.

Advertisement
Advertisement

„Теломерите“ се дел од ДНК кој се наоѓа на крајот од секој хромозом кои имаат улога на заштита а тој дел се намалува со секоја клеточна делба, придонесувајќи стареење на организмот. Амишите се затворена, строго дисциплинирана христијанска заедница по потекло од Швајцарија. Тие емигрирале во групи во Америка во 18 век, каде се проценува дека ги има 250.000, претежно во САД.

Живеат едноставно, се изолираат од другите, се облекуваат исклучително скромно, претежно произведуваат храна користејќи антички методи и истата се смета за еколошка и здрава. Исто така тие ја отфрлаат современата технологија и поновите уреди.

Извор: alo.rs

Advertisement