- Advertisement -
ПравдаСветСветот на работникот

Амнести: Владите не им гарантираат адекватна заштитна опрема на здравствените работници

Амнести: Владите не им гарантираат - Работник
204views

Здравствените работници се изложени на големи ризици во борбата против пандемијата со коронавирусот, а владите во многу држави им немаат обезбедно адекватна заштитна опрема. Некои од нив настојуваат да ги замолкнуваат нивните критики, предупредила денеска организацијата Амнести Интернешнл.

Моментално на глобално ниво целосно не се следи колку здравствени работници и работници од „клучните дејности“ починале од последиците на вирусот Ковид – 19, констатира Амнести Интернешанл во извештајот „изложени, замолчени, на ударот“.

Advertisement

Поради тоа организацијата сама собрала и анализирала „широка лепеза на достапни податоци“ кои покажуваат дека во 79 земји ширум светот од коронавирусот досега починале повеќе од 3,000 здравствени работници.

Најмногу смртни случаи се забележани во Русија, Велика Британија и САД, „минимално“ 545, односно 540 и 504.

Advertisement
Advertisement

Амнести не собрал податоци од Хрватска, како ни од Словенија. Во Босна и Херцеговина, според податоците, до 2 јули починале двајца здравствени работници, во Србија 12 и во Црна Гора, Косово, Унгарија и Австрија по еден.

Помеѓу европските земји со најмногу смртни случаи помеѓу здравствените работници се издвојуваат Италија, со 188 и Шпанија, со 63.

Недостаток на опрема, казна за критиките

Недостатокот на заштитна опрема за здравствените работници е утврден во речиси сите 63 земји и региони.

Помеѓу нив се и земјите кои можеби ги чека најтешката фаза на пандемијата, како Индија и Бразил и повеќе африкански држави, предупредуваат од Амнести.

Еден доктор во Мексико Сити рекол дека здравствените работници на заштитна опрема трошат по 12 % од платите.

Проблемот можеби дополнително го заострил недостатокот на заштитна опрема на глобално ниво, но и трговските ограничувања, констатира Амнести. Од таму потсетуваат дека во месец јуни, 56 држави во Европската унија и Евроазиската економска унија го забраниле, односно го ограничиле извозот на опрема.

Организацијата како проблеми ги издвојува и нисите плати и долгите смени на здравствените работници, во некои земји, како и казнување на оние кои ќе проговорат за лошите услови на работа.

Русија и Кина се наоѓаат во групата на држави во кои на здравствените работници им се закануваат казни поради „критиките за условите за работа“, односно за критките кои не им одговараат на властите, забележува Амнести.

Извештајот „нагласува сериозни проблеми со кои денеска се соочуваат здравствените работници и работниците во „клучните дејности“, како и бројните пропусти на Владата во обезбедувањето на адекватна заштита на нивните човекови права“.

Некои групи на работници во секторот здравство, социјална заштита и хигиенските служби несразмерно силно се погодени од пандемијата, потврдила анализата на Амнести.

Издвоени се примери на работници од црнечките и другите малцинства во Британија, кастите на „недопирливите“ во Индија и сомалиските заедници во Финска.

Advertisement