Uncategorised

АМНЕСТИ ИНТЕРНЕШНЛ : СТОТИЦИ РАБОТНИЦИ МИГРАНТИ ЗАМИНУВААТ ОД КАТАР БЕЗ ПЛАТА

АМНЕСТИ ИНТЕРНЕШНЛ : СТОТИЦИ РАБОТНИЦИ МИГРАНТИ ЗАМИНУВААТ ОД КАТАР БЕЗ ПЛАТА-работник
204views

Стотици работници мигранти се вратиле дома без плата од Катар и покрај ветувањата во заливската земја за подобрување на работните услови, соопшти денеска организацијата за заштита на човекови права Амнести Интернешнл.

Катарските власти формираа комитети за решавање на работните спорови, како дел од реформите пред Светското првенство на ФИФА, кое ќе се одржи во Катар во 2022 година.

Но, Амнести тврди дека во последните неколку месеци стотици странски работници вработени во три фирми за градежништво и чистење во Катар се вратиле без плата.

Групата со седиште во Лондон соопшти дека следела повеќе од 2.000 лица кои работеле во трите компании, и не добиле плата неколку месеци. Компаниите тврделе дека имаат финансиски проблеми и на крајот престанале со работа и ги прекинале договорите.

Целиот текст можете да го прочитате тука