Светот на работникот

Ампева: Вака изгледаат условите за работа во една текстилна фабрика

Ампева: Вака изгледаат условите за работа во една текстилна фабрика - Работник
715views

„Вака изгледаат условите за работа во една текстилна фабрика во Штип, поточно, турска инвестиција. Пред 3 години имаше слика како пијат вода од пластични буриња. Работниците сведочат дека при фарбањето на материјалите се користат сулфурни бои, дали се законски или не, би требало да кажат институциите. Со сигурност знам дека е пријавувана и казнувана, но продолжува да работи најнормално. Честопати е загадувач на реката Брегалница, но очигледно некои се прават дека не се од овде. Еве работни услови во 21 век.
ПС. Сите ја знаат фабриката, простете што не ја пишувам со име, едноставно не можам да си дозволам тужба на права душа да добијам. Оти тие како мене секогаш го јадат стапот. Ваквите минуваат неказнети“, напиша Кристина Ампева од здружението Гласен Текстилец, на нејзиниот фејсбук профил.

За порталот Работник, Ампева рече дека нивните раце како активисти се врзани и дека ваквите објави треба да бидат глас до сите, а особено до институциите. Таа нагласи дека ова е страшна слика за условите, во кои работат текстилните работници.

Таа постираше и неколку слики од ужасните услови во кои работат текстилните работници во фабриката.

   

 

На овој линк можете директно да пристапите до постот на Кристина Ампева.