ПравдаСветот на работникот

Ампева: Во 99 проценти од конфекциите не се плаќа боледувањето

Ампева: Во 99 проценти - Работник
341views

Реакцијата на Претседателката на Здружението Гласен Текстилец, Кристина Ампева, по повод изјавата на Претседателот на Организацијата на Работодавачи на Македонија – ОРМ, Ангел Димиторов, ви ја пренесуваме интегрално:

Фб статус на Кристина Ампева – Гласен Текстилец:
“Во 12та минута ќе го видите Ангел Димитров од организација на работодавачи како вели дека матичните доктори издаваат лажни боледувања, па приватните компании страдаат поради, како што вели Ангелче, фиктивни боледувања.
Она што не го кажува, а богами и не му одговара, е дека:
1. Во конфекциите, во 99 % од нив не се плаќа боледување.
2. Има чести повреди на работа кои секако не се пријавуваат од страна на работодавачите а и таквото боледување паѓа на штета на работникот оти и тоа не е платено (според закон за безбедност и заштита при работа)
3. Во конфекциите се користат најмногу до 5 работни дена одмор (според наше истражување на 870 испитаници само 19 % изјавиле дека користат годишен одмор според Законот за работни односи)
Да не зборам какви притисоци им правите на матичните доктори.
И друга битна работа е дека само оваа година до сега имаме 8 случаи каде на бремени жени не им е продолжен договорот за вработување.
Така, Ангелче. Кажи си успат и за ова, како вие почитувате работнички права.
Вие не сте работодавачи, туку експлоататори, робовладетели.
Да им се извиниш и на работниците и на лекарската фела!
Да го почитувавте законот, немаше да има потреба од твојата бламажа.”