ПравдаСветот на работникот

Ампева: Кршењето на работничките права е причината за заминувањето на странските партнери од текситилната индустрија

Ампева: Кршењето на работничките права - Работник
579views

Текстилните фабрики во државава се соочуваат со голем проблем, поради опаѓањето на нарачките од нивните странски партнери или нивно целосно повлекување. Претседателката на Здружението Гласен Текстилец смета дека кршењето на работничките права е вистинската причина за заминувањето на странските партнери од текстилната индустрија во Македонија.

Претседателот на Организацијата на Работодавачи на Македонија, Ангел Димитров, неодамна за телевизијата Стар рече очигледно е дека проблем има затоа што повеќе конфекции не само во Штип туку и во цела Македонија се жалат дека се намалува бројот на нарачките или обемот на работа за странските партнери. Многу странски партнери наоѓаат и друга алтернатива за нашите производители сооглед на промените во државата.

Ампева не се согласи со изјавата на Димитров. Таа истакна дека од едноставна причина што, да, тие вообичаено одат во земји со ниски плати, но тука имаат свои претставници кои некогаш одат надвор од нивните ингеренции и го селат производството од една во друга фирма.

„Во последно време се случува да размислуваат или си заминат од одредена фирма бидејќи добиваат известувања, најчесто од нас, дека во дадена фабрика се кршат основни човекови и работнички права, се бара од работниците да вратат дел од платата назад на работодавачот и слично“, вели Ампева.

Ампева наведе дека и покрај тоа што се работи за една гранка која не обезбедува плата достојна за живот, се повеќе кампањи во светот бараат брендовите во нивниот синџир на снабдување да имаат фер услови за работа, почитување на правата на работниците и плата за живот. Негативна кампања секако не е во прилог на брендовите кои во последните години се на удар и критики од јавноста баш поради тоа што текстилната идустрија кога ќе се спомене, она што асоцира е фабрика во Бангладеш, сурова експлоатација врз жени и деца. Затоа тие се повеќе внимаваат на својот углед бидејќи се одразува врз купувачите.

Додаде дека се работи за бирократи кои ретко одат низ фабриките низ светот па затоа имаат претставници кои работат во реоните и не знаат во целост каква е навистина ситуацијата.

„Малите фирми, барем кај нас, обично се држат до закони , но не можат да дојдат на ред од големите фабрики кои како да имаат апсолутно право да бидат прва рака од лон производството. Малите фирми земаат од големите, веќе се втора или трета рака, со тоа паѓа и процентот од парчето кое го шијат“, истакна Ампева.

Таа заклучи дека не мисли дека си одат од државата бидејќи Македонија има огромна предност од државите како Кина или Индија, поради близината на седиштата и пазарот на нарачателите, најчесто западноевропските земји, има ниски плати и квалификувана работна сила. Изјавите смета дека се од причина да се наметне грижа кај властите во државата за да дадат нова помош, пари, привилегии, а кај работниците да предизвика страв од отказ и страв за егзистенција.