UncategorisedПравда

Анализа: Децата се најголеми жртви на принудната работа

Анализа: Девојчињата се најголеми жртви на принудната работа - Работник
386views

Автор: Бобан Илијевски

 

На Твитер профилот на Меѓународната Организација на Труд – МОТ излезе видео каде што една индиска актерка ја раскажува приказната за седумнаесет годишно девојче од Индија, чии родители работеле на ниви за да имаат пари за парче леб. Еден ден додека таа работела со нејзините родители на нива, дошол некој човек кој и рекол дека ќе и најде добро платена работа. Измачено од крпениот живот, девојчето се согласило, не знаејќи дека оваа нејзина одлука ќе ја внесе уште подлабоко во бездната на страдањата. Човекот ја затворил во некоја просторија и ја силувал, а потоа ја терал да го продава своето тело на разни луѓе коишто безмилосно и ја одземале и последната трунка на невиност. Проституцијата, за жал е најголемата форма на принудна работа, од која одредени моќници стекнуваат незамисливи богатства на сметка на невините млади девојчиња кои само сакаат да имаат добар живот.

Според податоците на Меѓународната организација на труд, во 2016 година, проценето е дека 40,3 милиони луѓе биле  „модерно заробени“, вклучувајќи 24,9 милиони кои биле дел од луѓето што присилно биле принудени да работат. Една на четири од жртвите на модерното ропство се деца. Од 24,9 милиони луѓе заробени од принудниот труд, 16 милиони биле експлоатирани во приватниот сектор, како домашна работа, градежништво или агрикултура; 4,8 милиони луѓе биле принудени на сексуална експлоатација и 4 милиони биле насилно принудени да работата од страна на државните власти. Жените и девојчињата се најмногу погодени од принудната работа. 99 % од нив биле принудени да работата во комерцијалната секс индустрија и 58% во другите сектори.

Самите податоци покажуваат дека обемот на насилно или принудно работење е застапен во големи размери насекаде низ светот. Најголеми жртви на принудната работа се децата и младите девојчиња кои со надеж дека ќе заработуваат за да имаат пристоен живот, тие се заплеткуваат во синџирите на принудната работа. Особено девојчињата се изложени на принудна работа. Според податоците на МОТ, најмногу профит ( од принудна работа има во Азиско – Пацифичкиот регион (51,8 %). Втор регион по најмногу профит се развиените економски држави и Европската Унија (46,9%); Потоа регионите на Централна и Југоисточна Европа (18,0 %); Африка (13,1); Латинска Америка и Карипските острови (12,0) и Блискиот исток (8,5%). Овие статистики покажуваат колку билиони долари се заработуваат на сметка на човечкото мизерување и страдање. Иако овие податоци се од 2016 година, фрапантноста на бројките е показател дека принудната работа и во денешно време е застапена во голем обем. Она што е изненадувачко во овие статистики е што Европската Унија и развиените економски држави коишто важат за најмногу цивилизирани земји каде што и меѓународните организации за човекови права, имаат свои седишта и постојано ја креваат свеста за намалување и евентуално искоренување на принудната работа, се втори во остварувањето на нелегален и нечовечки профит. Сметам дека овој податок отвора многу прашања за високо етаблираните земји членки на Европската Унија и развиените капиталистички држави кои постојано велат дека кај нив човековите права и правата на работниците се најнапредни и не дозволуваат тие во ниеден случај да бидат нарушени.

За Македонија, моментално немам податоци за принудната работа. Само можам да речам дека постои, но не можам тоа и да го тврдам. Мојата новинарска етика не ми го дозволува тоа бидејќи вели само да работам со факти, докази и статистики и јас се придржувам до тоа. Доколку во иднина имам податоци за Македонија, со голема волја ќе ги споделам со вас.

Пред светот претстои голема и тешка битка за надминување на ваквиот девијантен феномен, а сите актери во општеството кои имаат влијание врз јавното мислење треба повеќе да го актуализираат овој проблем и со тоа да дадат една одредена иницијатива или да извршат притисок за истиот да се реши. На тој начин ќе им се пружи помош на организациите кои се бават со оваа појава, на национално ниво, како и ќе им се пружи помош и на меѓународните организации за да се борат против оваа појава, на европско и глобално ниво.

Анализата е дело на авторот и во ниеден случај не ги изразува официјлните ставови на порталот Работник.