ЕкономијаМакедонијаНовости

АНАЛИЗА: Повисока инфлација, понизок економски раст – нова Фискална стратегија!

   Време за читање 4 минути

Инфлацијата ќе биде едноцифрена, но повисока во однос на претходните проценки за годинава. Економијата ќе остане во позитивна зона но со пониска стапка на раст од сега предвидената, пишува Порталб.мк. Новата Фискална стратегија 2024-2028 со нови проценки и прогнози кои можат да бидат “предвесник” на ребалансирање на Буџетот.

2023 : раст на БДП за 2.5%, инфлација на ниво од  8,9%

Новата Фискална стратегија ги “стопи” прогнозите за пониска инфлација а повисок економски раст. Новиот документ со кој се “ревидираат” сегашните прогнози за економија, според познавачите е увертира за летен ребаланс на буџетот бидејќи се менуваат проценките за економски раст, за ценовни движења , раст на платите.

Конкретно во Фискалната стратегија 2024-2028 се предвидува економски раст од 2,5% за годинава што е пониско ниво во однос на  2,9% во  сегашната проекција. Причината е во очекувањето за воздржана потрошувачка пред се поради поскапувањата.

“Во 2023 година се очекува понатамошен раст на економијата, иако со поумерено ниво во однос на претходната проекција, како резултат очекувањата за помал раст на приватната потрошувачка од претходно, поради сеуште високото ниво на инфлација и зголемените трошоци за финансирање, иако и по натаму потрошувачката ќе биде еден од главните извори на раст” се наведува во ново објавениот документ.

Пониска стапка на раст на БДП се предвидува и до година, наместо сегашната од 4,1% се прогнозира економски раст од 4%.

Фис. стратегија (2023-2027)             Фис. стратегија(2024-2028)

2023 година                                            2023 година

БДП                                  2,9%                                                        2,5%

Инфлација                       7,1%                                                       8,9%

Нето-плата                       7,3%                                                      10,6%

Стапка на невработеност      14,2%                                   14,0%

Стапка на вработеност         48,4%                                   47,7%

Извор: Фискална стратегија 2024-2028

За годинава економскиот раст според Владата ќе се потпре и на проектот за изградба на автопатите од Коридорите 8 и 10. Стапката на раст на бруто инвестициите е позиционирана на 5,2%

“Реалниот раст на бруто-инвестициите е проектиран на 5,1% во 2023 година, а во периодот 2024-2028 година инвестициите се очекува да забележат просечен годишен раст од 8,4% како резултат на најавените инвестиции од повеќе меѓународни компании, поинтензивен прилив на странски инвестиции, зголемени капитални расходи, но и континуираната поддршка за развој на приватниот сектор’ – се наведува во Фискалната стратегија.

Иако за годинава сите проценки укажуваат дека инфлацијата треба да се “заузда” на едноцифрено ниво, сепак во однос на сегашните проценки, таа ќе биде повисока, на ново од 8,9%.

“Позначителни отстапувања за 2023 година има и кај стапката на инфлација, која е нагорно ревидирана поради тоа што се покажа како поотпорна во однос на претходните очекувања и иако е со надолна тенденција, таа сеуште е на високо ниво во првиот квартал од година. Очекувањата за намалување и стабилизирање на цените на храната и на енергенсите, како и мерките на Владата за намалување на цените на основните продукти ќе придонесат кон забавување на стапката на инфлација во текот на годината” – се наведува во стратегијата и се нотира дека проекциите за наредниот период не се ревидирани.

Стапка на инфлација

2023 година                              8,9%

2024 година                              2,4%

2025 година                              2,0%

Извор: Фискална стратегија 2024-2028

Следната година инфлацијата треба да се намали на 2,5% а следните години да се стабилизира на 2%.  Годинава според новите проценки стапката на невработеност ќе изнесува 14,2 %, ниво кое е  повисоко во однос на сегашната проценка а вработеноста се проектира на  47,7% што пак е пониско ниво во однос на прогнозата во Фискалната стратегија 2023-2027.