- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Ангеловска: Да се зачуваат што повеќе работни места, а товарот од кризата да го понесеме сите

Ангеловска: Да се зачуваат - Работник
151views

Министерката за финансии Нина Агеловска очекува измените на владината Уредба за користење субвенции за исплата на плата во приватниот сектор да резултираат со враќање на дел од отпуштените работници, за што точниот број ќе се знае заклучно со 7-ми месецов,  кога завршува рокот за аплицирање за финансиската поддршка од државата. Останува на ставот дека товарот од кризата треба да го понесе и јавниот сектор.

За точниот број лица кои останале без работа упатува на официјалните бројки на Агенцијата за вработување од каде регистрирале дека има зголемување на бројот на невработени за 9 000.

Advertisement

– Официјалните бројки што беа од страна на Агенцијата за вработување се дека  за 9.000 се зголемил бројот на невработени. Треба да ги гледаме официјалните бројки на Агенцијата за вработување затоа што се работи за дневни флуктуации. Ако се зборува за одјави и пријави значи на дневно ниво во нормални услови секогаш се случува едно лице денеска да е одјавено, му истекол договорот, утре повторно е пријавено и затоа се гледа зголемувањето на бројот на невработени којшто беше искомунициран дека се работи за околу 2.000 лица во март и околу 7.000 лица во април, рече Ангеловска, одговарајќи на новинарско прашање за вкупниот број лица кои поради кризата со Ковид -19 ја изгубиле работата.

Повеќе прочитајте на канал5.мк

Advertisement
Advertisement