ЕкономијаМакедонија

Ангеловска: Добрите економски политики даваат резултати

Ангеловска: Добрите економски - Работник
193views

Добрите економски политики даваат резултати!, пишува министерката за финансии Нина Ангеловска на својот Фејсбук профил.

„По растот од 3.9% во првиот квартал и 3.4% во вториот квартал (ревидирани податоци на Државниот завод за статистика) растот на македонската економија продолжува и во третиот квартал изнесува 3,6%.

Просечниот раст на БДП годинава изнесува 3.6% и е над проектираниот од 3.5%.

Растот во ЕУ (28) изнесува 1.6%, а Северна Македонија е позиционирана на седмото место по раст на економијата.

Продолжува и растот на вработеноста! За над 5.000 е зголемен бројот на вработени во третиот квартал во споредба со вториот, оваа година.

Во третиот квартал имаме најниска измерена стапка на невработеност во нашата земја од 17,1%.

Оваа година ја заокружуваме со позитивен економски раст и позитивни индикации за уште поголем економски развој во 2020-тата“, посочува таа.

Извор: Iportal.mk