- Advertisement -
ЕкономијаМакедонија

Ангеловска: Имаме три сценарија за справување со последиците од коронавирусот

Ангеловска: Имаме три сценарија - Работник
122views

Министерството за финасии има три основни сценарија – поволно, неповолно и најнеповолно за справување со последиците што ги предизвика коронавирусот во економијата, а најголемиот удар во сите се очекува во вториот квартал од годинава, најави денеска министерката за финасии Нина Ангеловска.

-Многу е тешко за економските аналитичари, вклучително и за меѓународните финансиски институции, да ги предвидат случувањата. Ова се должи на самиот карактер на кризата, затоа и нашите сценарија постојано се обновуваат, па така од секое сценарио имаме повеќе верзии. Главно, имаме три основни сценарија: поволно, неповолно и најнеповолно. Кај првото сценарио – поволното, предвиден е пад од 20 отсто на вкупната приходна страна на консолидиран буџет во однос на планот. Тоа би значело намалување на приходите за околу 700 милиони евра, односно за толку би се зголемил дефицитот и потребите за финансирање, рече Ангеловска на денешната прес-конфернција. Кај второто сценарио – неповолното, потенцира, падот на буџетските приходи би изнесувал околу 30 отсто со што потребите би се зголемиле за околу една милијарда евра. И кај третото најнеповолното доколку приходите паднат 40 отсто, дополнителните потреби би биле околу 1,3 милијарди евра, објави Сител.

Целосниот текст прочитајте го тука

Advertisement
Advertisement