ЕкономијаМакедонија

Ангеловска: Од 2008 до 2016 година долгот е удвоен, а економијата растела со само околу 2% раст

Ангеловска - Работник
101views

Јавниот долг од 2008 до 2016 година е дуплиран, а притоа за овој период продуциран е значително понизок економски раст, во просек од 2,4%. Растот на економијата, не го оправдува ова зголемување на јавниот долг. Министерката за финансии Нина Ангеловска во емисијата „Топ тема” во која гостуваше со поранешниот министер за финансии Трајко Славески посочи дека ако долгот не е пропратен со соодветен економски раст – како за периодот од 2008-20016 кога е удвоен, не е оправдан.

– Ако го погледнеме растот на јавниот долг од 2008 до 2016 година е удвоен. Тој би требало да продуцира повисок економски раст, но продуцирал раст од 2,4%. Сега долгот е стабилизиран и продуцира раст од 3,5 и 2,7. Ако јавниот долг не продуцира нова економска вредност,не е оправдан – рече министерската за финансии Нина Ангеловска, пишува Банкометар.

Целосниот текст прочитајте го тука