ЕкономијаМакедонија

Ангеловска: Очекуваме пад на приходите од даноци до 65% и пад на приходите во буџетот до 1,3 милијарди евра

Ангеловска: Очекуваме пад на приходите - Работник
110views

Министерката за финансии Нина Ангеловска на денешната прес-конференција најави дека очекува пад на приходите од даноци од 40 до 65% во вториот квартал во однос на претходната година.

Во однос на дупката која ќе се отвори во буџетот, односно буџетскиот дефицит Ангеловска, ги претстави трите сценарија.

Првото сценарио е 20% пад на приходите во буџетот, тоа би значело грубо намалување на приходите за 700 милиони евра. Во второто сценарио ако имаме пад на приходите за 30%, ќе имаме пад на приходите во буџетот за 1 милијарда евра, или ако имаме пад на приходите за 40% , падот на приходите би изнесувал 1,3 милијарди евра, изјави Ангеловска.

Ако на овој пад на приходите се додаде и планираниот буџетски дефицит од 300 милиони евра тогаш дупката во буџетот ќе изнесува од 1 милијарда евра до 1,6 милијарди евра оваа година.

Извор: Лидер